За нас

За нас

MЛАДОСT е еден од најголемите и најважните производители на градежен материјал во регионов, познато име на пазарот, синоним за квалитетни керамиди и блокови за ѕидање и меѓуспратни конструкции кои што благодарејќи му на квалитетот го пронајдоа патот до задоволните корисници на целата територија на Србија, Косово, но и на пазарот во Македонија, Бугарија, Романија, Албанија, Црна Гора, …

Koмпанијата е составена од три фабрики стратешки лоцирани на југот на Србија:

ИГМ МЛАДОСТ ДОО, Лесковац

Производство на керамиди

ИГM MЛАДОСT – TMП д.o.o., Maлa Планa

Производство на блокови

ИГM MЛАДОСT – TMП д.o.o., Сталаћ

Производство на блокови

ИГM MЛАДОСT – РАД д.о.о., Власотинцe

Производство на блокови

Во периодот од 2007-2010. година во континуитет, во сите три фабрики се спроведени големи инвестиции. Од посебно значење се инвестициите во најсовремената технологија и опрема, потоа во градежните објекти, организацијата, осовременувањето на сите процеси во работењето, маркетинг човекови ресурси. Со сите наведени инвестиции од година во година, значително се зголемува обемот на производството, кој што паралелно се следи со адекватно ширење на пазарот и порастот на побарувачката за производите на Младост.

Со последната инвестиција од крајот на 2010. и почетокот на 2011. година, инвестицирачкиот циклус е крунисан со инсталација на клучната опрема која што ќе овозможи значително подобрување на квалитетот, квантитетот и асортиманот на производството, а се со цел задоволување на потребите на нашите купувачи.

Индустријата за груба керамика “MЛАДОСT”, oбединува три фабрики од југот на Србија во едно препознатливо име, кое што е познато, пред се, по квалитетот на своите производи. Во фабриката во Лесковац организирано е производството на керамиди, додека во фабриките во Топличка Мала Плана и во Власотинце се произведува блоковска роба за ѕидање и за меѓуспратни конструкции. Своето огромно реноме “MЛАДОСT” го темели на сто години долгата традиција. Имено, со основањето на Фабриката за производство на керамички производи во 1911. година, поставени се темелите на современото производство на градежен материјал од глина. Највисокиот оџак во Лесковац се наоѓа токму во оваа фабрика и е симбол за традиција и сведок на уметноста, постојаноста и убавината на градежното создавање.

Почетокот на нашиот успех

Производството на градежниот материјал од глина во околината на Лесковац, Власотинце и во сливот на Топлице, е старо колку и присуството на човековите заедници на тој простор. Изобилството на квалитетни суровини го користеле неимарите на древните царства оставајќи споменици од својата градителска умешност. На преминот помеѓу антиката и средниот век, создаден е Царичиниот град кај Лебан, најстариот споменик на архитектурата на просторот на јужна Србија. Традицијата за производство на опека од Византискиот период продолжува и во средниот век, во кој што се создаваат многу дела на сакралната архитектура, првенствено во сливот на Топлице. Од тие дамнешни времиња па до денес се случувале промени во сопственоста и организацијата, но не и промени во вештината на изработка на производи од глина,која што како и препознатливата црвена боја, се покажала како потрајна од многуте општествени системи и епохи.

Токму на темелите на оваа долга и богата традиција во производствот на керамичките производи во овие краишта, на најатрактивните локации, се создадени и нашите фабрики во Лесковац, Власотинце и во Топличка Мала Плана.




Младост денес

Денес, тоа се исклучително модерни фабрики. Со огромните инвестирачки вложувања, во сите фабрики, воведена е најсовремената опрема и технологија која што заедно со исклучително квалитетната суровина и стручната работна сила, овозможува производство кое што ги задоволува најстрогите барања за квалитетна, економична и единствена градба. Благодарејќи му на идеалниот минеролошки состав на суровините, сите производи, освен исклучителни физичко-механички карактеристики имаат и интензивна и трајна црвена боја по која што впечатливо се разликуваат од сите други производи од овој вид. Токму поради овие својства, сите наши производи забрзано освоија многу пазари. Без производите произведени во фабриките “MЛАДОСT”, денес, готово не може да се замисли современото градење во Србија, Бугарија, Македонија, Романија, Албанија, Црна Гора,…

ИГM MЛАДОСT, ЛЕСКОВАЦ

1911. годинa – со основање на “Keрамичката фабрика Рафајловиќ, Соколовиќ и Бејаз” поставени се темелите на современата индустрија за градежен материјал од глина. Огромата зграда така наречената “стара циглана” со највисокиот оџак во Лесковац и денес е еден од реперите на градот. Керамидите кои што кон почетокот на минатиот век се произведувале во Лесковац, со втиснатиот знак на слон и со својата препознатлива интензивна црвена боја и денес ги красат крововите на Лесковац, Ниш, Врање, Скопје и на многуте други поблиски и поодалечени градови.

Tрадиционалните методи за обликување на глината се применувале се до 1974. кога е изградена нова хала со апарати и машини за производство на керамиди и блоковска стока, современи за тој период од историјата. Меѓутоа, поедини сегменти од тогашното производство и понатаму се засновале на рачната работа и на примената на огромен број на работници, без детално согледување на можноста за зголемување на квалитетот и квантитетот на производството.

1928. година – со истапување од заедницата на еден од сопствениците Михајло Соколовиќ, фабриката добива ново име “Keрамичката фабрика Рафајловиќ и Бејаз”. По Втората светска војна фабриката прераснува во ОП “Победа”- Индустриско претпријатие за керамиди и цигли, чии што производи ќе бидат познати низ целата стара Југославија.

1997. година – извршена е поделба на претпријатието на повеќе помали, специјализирани за производство на поедини видови на градежен материјал. Така се создава О.P. “MЛАДОСT” како собир на млади, вредни и мотивирани луѓе кои што сакаат да се вратат на своите стари пазари и да се претстават со ново. Периодот кој што настапи е обележан со стабилност во работењето и со умерен развој, во согласност со општите околности во општеството.

2003. година – со приватизацијата претпријатието “MЛАДОСT” станува акционерско друштво, а управата и вработените добиваат нов поттик за понатамошно унапредување и развој.

Oд тој момент па се до 2008. година, се работеше на константно зголемување на квалитетот и капацитетот на производството, афирмата ИГM “Mладост” во целост се преорјентира на производство на керамиди. Во истиот период, компанијата го искористи времето за вработување и стручно усовршување на новите кадри од основните производствени профили: технологија, машинство и електроника.

2008. година – почнува нова ера со реконструкција на фабриката која што е важен чекор при осовременувањето на процесот за производство посебно во делот за примарна преработка, со воведување на најсовремени мелници со огромен капацитет за фина преработка на глината, како и голем напредок во сложувањето и разложувањето на сувата и печена роба, а посебно во поглед на пакување на производот со целосна автоматизација на процесот. Исто така, во текот на првата фаза од реконструкцијата, огромен акцент е даден на осовременувањето и автоматизацијата на процесот на сушење и печење на производот, и тоа со најсовремени системи за следење и контрола на квалитетот на процесот. Покрај тоа, во огромна мерка е придонесено кон зголемувањето на квалитетот на условите за работа и хуманизацијата на работата.

Почеток на 2011. година – втор дел од оваа реконструкција со доградување на производствената хала за сурово производство која што се заснова на поставување на нов екструдер од германскиот производител “Händle” и инсталација на новите двоглави преси од италијанската фирма “Bongioanni” кои што спаѓаат во редот најсовремени во оваа област. Примената на овие современи и високо контролирани технологии, директно влијае на квалитетот на производот во поглед на физичко механички карактеристики, како и на естетскиот изглед на керамидата со што се задоволуваат барањата на се поизбирливиот пазар.

ИГM MЛАДОСT – TMП

2006. – извршена приватизација на фабриката ИГM “7. JУЛИ”0 во топличката Мала Плана која што до тогаш работеше како општествено претпријатие. Од тој ден фабриката работи под името ИГM “MЛАДОСT – TMП” д.o.o.

Веднаш по приватизацијата, веќе во текот на 2006. година започна реконструкција на фабриката:

2006-07: направена е комплетно автоматска линија за сложување и разложување на производот, вградена е целосно нова фина мелница од реномираниот германски производител Haendle, извршена е реконструкција на печаката и вградување на нови согорувачки групи. Инсталиран е систем за надзор на температурата и останатите параметри во печката и сушарата, 6 вентилаторски групи за сушара, компресор за висок притисок и вградена е нова мрежа за развод на компримираниот воздух.

Изградена е нова производствена хала за сместување на опремата за разложување на производите.Izgrađena je i nova proizvodna hala za potrebe smeštaja opreme za razlaganje proizvoda.

2008. година – извршена e реконструкција на линијата за обликување, преработена е пресата на системот со два излеза и вградена е одговарачка автоматика за утовар на суровите производи на вагоните на сушарата. Зголемен е бројот на вентилаторските групи во сушарата и извршена е автоматизација на комплатната линија за обликување, утовар на суровата роба и истовар на сувата роба. Вградена е колна мелница со голем капацитет, потоа уште еден компресор со висок притисок како и нова трафо од 630 kW.

2009-2010. година – вградена е следнава опрема: груба мелница Bedeschi, eкструдер Bedeschi, вентилатор за димни гасови, систем за рециркулација на димните гасови на печаката. Извршена e реконструкција на примарната преработка.

Сите овие инвестиции и техничко технолошки зафати, на производството му овозможија исклучително квалитетни производи со истовремено зголемување на квалитеот, поради што ИГМ МЛАДОСТ – ТМП се вбројува во најголемите производители на блоковска роба во Србија.

2010. година – отворен е нов коп на исклучително квалитетна глина кој што овозможува правилен пристап за експлоатација со одговарачки пристапна сообраќајница за непречено одвивање на транспортот. Изграден е нов резервоар за мазут од 1.000 m³ и извршено е асфалтирање на 10.000 m³ простор за складирање на готови производи; изградена е нова управна зграда, реновирани се просториите за техничката служба и ресторанот за исхрана на работниците внатре во производствената хала.

ИГM MЛАДОСT – РАД, ВЛАСОТИНЦЕ

Фабриката ИГM “РАД” во Власотинце работела како општествено претпријатие се до 06.11.2006. година, кога е извршена приватизација, и од тој ден фабриката работи под името ИГM “MЛАДОСT РАД” AД.

Во периодот пред приватизацијата фабриката произведувала блоковска роба (oколу 5.500.000 парчиња на годишно ниво) и керамиди (oколу 2.000.000 парчиња) кои што воглавном ги пласирала на локалниот пазар.

2007. година – почнуваат подготовки за реконструкција на фабриката, а се со цел производството да се унапреди и значително да се осовремени.

2008. година – извршена реконструкција

2009. година – почеток на производството по новата технологија. Со оваа реконструкција фабриката стана технолошки современа, автоматизирана и роботизирана што беше услов за производство на градежен материјал во согласност со пазарните побарувања и со потребите на купувачите. Koнкретни инвестирачки потфати беа: целосно нова производствена линија, нови мелници за примарна и секундарна преработка на производителот “BONGIOANNI”, преса од најновата генерација на производителот “BEDESCHI”, роботи од најновата генерација на jaпонски производител “FANUK”, комплетно автоматизиран процес на линијата на суровото обликување, суво редење на робата на вагони и линија за разложување на печените производи, комплетно реконструирани и осовременети сушари.

Kaкo резултат на се горе наведено ИГM ” MЛАДОСT РАД ” АД денес произведува Гитер 5, Гитер цигла, Фасадна цигла, Ферт исполнување 14, Teрмо блок, Блок со отвори 5 и Вентилационен блок. Во исто време фабриката е техничко- технолошки оспособена да одговори и на другите современи тенденции и барања на пазарот.

Во нашите фабрики се користи исклучително квалитетна глина која што била предмет на испитување на Институтот за истражување на материјали од Белград.

ИЗВОД ОД НАУЧЕН ТРУД

“OЦЕНА НА КВАЛИТЕТОТ НА ОПЕКАРСКИТЕ СУРОВИНИ ОД ЈУГОТ НА СРБИЈА”
Др Загорка Радојевиќ, дипл.инг., Милица Арсеновиќ, дипл.инг.технол., Милош Васиќ, дипл.инг.технол.

Во научниот труд прикажани се резултати од истражувањето на квалитетот на три опекарски суровини од југот на Србија: од лежиштето кај Лесковац, од лежиштето кај Власотинце, и од лежиштето кај Maла Плана. Истражувањата опфатија хемиски, минеролошки, гранулометриски и керамичко- технолошки карактеристики од репрезентативните примероци од наведените лежишта. Во научниот труд дадена е оцена на суровините од аспект на квалитетни опекарски производи, енергетска ефикасност и еколошки параметри.

ВОВЕД

Oсновни суровини за производство на опекарски производи се глина, лес, глинци, лапорци и др. Геолошките истражувања и испитувања на суровините во Србија се одвиваат на едноставен начин. Овие истражувања се вршат по општо важечките методи и прописи, кои што даваат доволно податоци за квалитетот и количеството на суровината и врз основа на кои се носи одлука за експлоатација.

Не постои градежен материјал кој што би можел да ги замени опекаррските производи во поглед на цврстина, порозност, изолирачки способности, постојаност, сигурност против пожари, отпорност на атмосферски влијанија и корозија, постојаност на форма и можност за остварување на разноликост при градењето. Покрај наведените позитивни карактеристики на овој градежен материјал, на производството и употребата на опекарските производи упатува и се поургентната потреба за зачувување на околината, а со тоа и зачувување на условите за живот, работа и здравје на луѓето.

Jугот на Србија има развиено производство на различни асортимани со опекарски производи. Во погоните за производство на опекарските производи: “МЛАДОСT” д.o.o. – Лесковац, ” МЛАДОСT – РАД” д.о.о. – Власотинце и ” МЛАДОСT – TMП” – Maлa Планa, пуштени се во работа современите високо автоматизирани технолошки линии. Нивната работа се потпира на најквалитетната лукална суровинска база. Во научниот труд дадена е оцена на суровините од аспект на квалитет на производот, енергетската ефикасност и еколошките параметри.

KВАЛИТЕТ НА ОПЕКАРСКИТЕ ПРОИЗВОДИ

Врз основа на резултатите од испитувањето на опекарските суровини од југот на Србија може да се заклучи дека со современо производство може да се добијат:

Oпекарски производи од широката лепеза на асортимани (керамиди, фасадна опека и блокови, опекарски производи за внатрешно ѕидање, елементи за тавани, порозирани опекарски производи и др.
Производи со високо естетски својства, со интензивна црвена боја,
Производи без исцветување на соли и дефекти на дејството на кречот,
Производи со високо механички карактеристики (притисна и совитлива цврстина),
Производи кои што обезбедуваат добра отпорност од пожар и одлична термички и акустични својства на објектот.

Бојата на печените опекарски производи во основа зависи од минеролошкиот состав на суровината, температурата и условите на печење. Доминантно влијание врз бојата на опекарските производи има железото. Oпекарските суровини содржат железо воглавном во облик на минерали од групата хидроксиди (гетит, лимонит). Во процесот на печењето хидроксидот на железото се трансформира во хематит, кој што на керамичкото тело му дава црвена боја. Од резултатите добиени од испитувањето се заклучува дека бојата на печените производи е интензивно црвена.

Ниската содржина или отсаството на карбонати укажува на отсаство на штетното влијание на кречот на печените производи.

Meханичките карактеристики на печените производи се високи.

EНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Резултатите од испитувањето на керамичко– технолошките карактеристики на примероците укажуваат дека бараната температура на печење е релативно ниска, 830-9000C. Ниската температура на печење значително ја намалува специфичната потрошувачка на енергија во процесот на печењето и ја зголемува енергетската ефикасност на процесот. Само да споредиме, најчестата температура за печење на опекарските производи во погоните во Србија е во интервалот 950-10500C.

Добрата пластичност на испитуваните примероци овозможува производство на опекарси производи со потенки ѕидови, односно помала маса што ги намалува потрошувачката на суровината и трошењето на енергијата по единица на нормален формат.

EKOЛОШКИ АСПЕКТ

Избегнувањето на загадувањето на животната средина се поставува пред современите процеси на производство. Производството на опекарските производи дозволува примена на отпадни материјали. Испитуваните суровини може да се мешаат со отпадните материјали со проектирање на оптимален микс за одреден вид на производ.

Eмисијата од гасови во процесот на печењето доаѓа од горивото и од суровините. Па така се појавуваат HF, SO3, SO2, HCl, CO2 и др. Oваа проблематика бара озбилни изучувања на севкупната емисија и на неопходните мерки.

Meѓутоа, на база на резултатите од испитувањето на хемискиот состав на суровините од југот на Србија нема услови за значајна емисија, затоа што содржината на компонентите кои што емитуваат штетни гасови во процесот на печење е минимален или ги нема. Дури и содржината на карбонати во суровината е низок, па готово и да нема емисија на CO2 кој што потекнува од суровината.

ЗАКЛУЧОК

Oпекарските суровини од југот на Србија кои што ги репрезентираат испитуваните примероци претставуваат значајна суровинска база за производство на различен асортиман на производи со високи естетски и физичко – механички карактеристики. Својатвата на суровините им овозможуваат енергетски ефикасно производство во современите погони. Суровините може да се сметаат за квалитетни и од аспектот на се построгите еколошки барања.