Во годината во која одбележуваме 115 години постоење, со гордост ја известуваме јавноста дека, по добивањето на одобрението од Комисијата за заштита на конкуренцијата, Младост успешно ја реализираше аквизицијата на фабриката Неимар Зрењанин – компанија со долга традиција и препознатливо присуство на домашниот и странскиот пазар. Преземањето на фабриката и почетокот на активностите се планирани во текот на месец јуни 2026 година.
Оваа аквизиција претставува важен стратешки исчекор во понатамошното зајакнување на капацитетите, модернизацијата и долгорочниот развој на компанијата Младост. Ќе се стремиме да ги зачуваме вредностите што Неимар ги носи низ децениите на своето работење.
Веруваме дека оваа аквизиција е силна потврда дека и по 115 години компанијата продолжува да расте амбициозно, одговорно и со јасна визија за иднината.

































































































































