Производи

(Serbia) Vesti
Производи

Енергетски блокови

Блоковите за ѕидање и за меѓуспратните конструкции се произведуваат во фабриките ИГМ МЛАДОСТ- РАД Власотинце и ИГМ МЛАДОСТ- ТМП Мала Плана. Благодарејќи им на големите инвестирачки вложувања во новата опрема и технологија со веќе добро познатата и квалитетна суровина, добиени се производи со разни видови на димензии кои што овозможуваат разновидна градба која што подразбира:

  • економична и брза изградба,
  • добра звучна изолација која што овозможува мирен и пријатен престој,
  • добра притисна цврстина,
  • природен и еколошки здрав производ,
  • еколошката технологија осигурува заштита на околината,
  • добра акумулација на топлина,
  • отпорност на пожари,
  • постојаната интерна контрола на квалитетот и сертификатите од домашните и странските институти се гаранција за константниот квалитет.

Kaкo гаранција на квалитетот, покрај секојдневната интерна контрола во лабораториите на нашите фабрики, сите производи поседуваат сертификати за квалитет издадени од страна на eвропски признатите институти. Исто така, сите производи CE знак (Директива на ЕУ за градежни производи 89/106/EEC) издаден од страна на CIES Институтот од Стара Загора, Бугарија кој што е овластено тело од страна на ЕУ за тестирање и сертификација на производите по стандардите на ЕУ.