Со реконструкцијата кон крајот на 2010. и почетокот на 2011.година, извршено е вградување на нов екструдер и инсталирани се 2 нови двоглави преси кои што спаѓаат во редот најсовремени во оваа област. На овој начин, освен подобрувањето на квалитетот на производот во поглед на физичко механички карактеристики, овие современи преси овозможуваат производство на нови керамиди “Mладост” – “ECO” програма, која што има низа предности во однос на досегашните модели на керамиди.
Предности:
*Новиот производ е полесен, го намалува оптеретувањето на покривната конструкција
Лизгачко летвосување кое што овозможува:
Унапреден дизајн со нови конструкциски решенија кои што овозможуваат:
и нормално, новиот производ е изработен од глина со висок квалитет која што ја обазбедува познатата ТРАЈНО ЦРВЕНА БОЈА на керамидите “MЛАДОСT” што го прави препознатлив и единствен на пазарот.”
Kaкo гаранција за квалитетот, покрај секојдневната интерна контрола во лабораториите во нашите фабрики, сите производи поседуваат сертификати за квалитетот издадени од страна на европските признаени институти. Исто така, сите производи поседуваат CE знак (Директива на EУ за градежни производи 89/106/EEC) издаден од страна на CIES Институтот од Стара Загора, Бугарија, кој што е овластено тело од страна на ЕУ за тестирање и сертификација на производите по стандардите на ЕУ.
Сите керамиди “MЛАДОСT” подлежат на гаранција од 50 години.